Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи, презентрани можностите за инвестирање

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на посетата на Кина, освен средбите на политичко ниво  во Пекинг оствари и повеќе средби со компании, меѓу која е и посетата на седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија Хуавеи.

Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune.

Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев остварија средба со раководството на компанија и генералните менаџери Џим Лу и Џорџ Жанг.

Премиерот Груевски ги запозна претставниците на компанијата со условите за водење бизнис во Македонија, поволниот даночен пакет со кој располага земјата и отвореноста за привлекување на нови инвестиции.

Истовремено премиерот Груевски ја истакна заложбата на владата за инвестиции во образованието за што секоја година се одвојува 5 проценти од вкупниот буџет. Отворен е и нoв универзитет за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, а постојано се прават реформи насочени кон развој на информатичкото општество.

Инаку Хуавеи е компанија која има своја канцеларија за врски во Скопје. Со раководството на компанијата беше разговарано за разгледување на можностите за понатамошна продлабочена соработка и можностите за проширување на македонскиот пазар.

Претставниците на компанијата информираа за работата на компанијата и перформансите со кои таа располага. Џим Лу од Хуавеи истакна дека посетата на делегацијата е добра можност изворно да се запознаат со бизнис-можностите и потенцијалите кои стојат на располагање, но и дека тоа е доказ за посветеноста на владата, одличниот третман кон инвеститорите и отвореноста за бизнис соработка. Лу истакна дека компанијата Хуавеи има свои планови за проширување на нови пазари и дека детално ќе ги разгледа условите и можностите кои им стојат на располагање.