Пешевски: Ќе има огревно дрво, цената ќе се стабилизира на минатогодишното ниво

Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревно дрво и сите кои имаат потреба ќе бидат снабдени по минатогодишните цени.  Испораката на дрва е интензивирана во целата држава, а евентуалниот недостиг Македонски шуми ќе го надомести со увоз, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Цената на огревното дрва, потенцира Пешевски, е задржана на истото  ниво од лани и не се точни шпекулациите дека во текот на целата сезона цената ќе оди над 3.000 или 3.500 денари.

Според Пешевски, Владата ја следи состојбата, а цената на  дрвата на Македонски  шуми и количините што ќе ги испорачаат гарантираат стабилизирање на истото ниво од минатата година.

- Бидејќи побарувачката е поголема Македонски шуми презема активност евентуалниот недостиг да го надомести од увоз на дрва, активност што исто така е координирана од Владата на РМ. Испораките веќе течат, денеска гледаме дека се снабдува и пазарот во Скопје. Очекуваме целосно  стабилизирање на состојбата со огревното дрво, сите количини ќе бидат снабдени на пазарот, изјави  Пешевски при денешната посета на  складиште за дрва во Општина Петровец.

Граѓаните, нагласи Пешевски, не треба да бидат загрижени дека ќе има недостиг од дрва и треба да почекаат  и цената кај приватните складови да се стабилизира. Количините на Македонски шуми се сепак поголеми од тие на приватните складови, така што не би требало  да имаме никави проблеми. Не треба да се крева паника, постепено сите оние кои имаат  потреба од огревно дрва ќе бидат снабдени по минатогодишните цени, изјави вицепремиерот Пешевски. 

Јавното претпријатие Македонски шуми, информира директорот Жарко Караџоски, од 1 до 22 септември испорачало скоро 70.000 метри кубни дрво на ниво на Македонија, а во исто време заедно со приватните шуми тој број достигнал 95.000 метри кубни. Тоа, потенцира Караџоски, значително придонесе да се задоволи пазарот со дрва, односно да се зголеми конкуренцијата на огревно дрво, а исто така влијаеше и кај сите други складови цената полека да се нормализира, да паѓа и да дојде на ланско ниво.

Според Караџоски,  интензивирана е испораката на дрва не само во Скопје  туку секаде, а Македонски шуми ќе ги исполни преземените обврски и ќе ја изврши испораката во определениот рок.

- Она што денеска се испорачува се нови уплати што значи дека може да се прават  и нови уплати. За сите  граѓани максимално ќе излеземе во пресрет до крајот на годината  бидејќи годинава  побарувачката е зголемана. Македонски шуми до овој период има испорачно повеќе од 36.000 метри кубни дрва во однос на лани, а годината ќе заврши  со околу 100 илјади метри кубни повеќе од лани и ние тоа ќе го сработиме, изјави Караџоски.

Ангеле Сотировски, раководител на подружницата на Македонски шуми во општина Петровец, информира дека постојано доаѓаат дрва од останатите подружници на Македонски шуми и граѓаните се снабдуваат со огревно дрво.

- Секојдневно  доаѓаат по најмалку два шлепера  со држава. Секој ден имаме дотур на нови дрва. Денеска  веќе  е тргната композиција од Лопушник, Кичево, односно вагонски се носар дрвата на товарната станица во Ѓорче Петров и од таму се  дистрибуираат во другиот дел на Скопје, изјави Сотировски.

Цната, потенцира, е согласно  одлуката на Владата, 2.270  денари со ДДВ за буково и 2.470 денари  за дабово дрво, а дополнително се плаќа за товарот и транспортот.