Груевски: Заев со гордост зборуваше дека соработува со странска разузнавачка служба

Го гледав и го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост, самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел.

Ова е дел од денешното обраќање до граѓаните на премиерот Никола Груевски по полициската акција „Пуч“, во чии рамки се поднесени кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев.

- Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби. Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази, истакна премиерот Никола Груевски.