Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Груевски: Позитивната оценка од Брисел охрабрување за сработеното и за идните реформи

Скопје, 28 јули


Македонија вчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оценки за сработеното, така што ние сме охрабрени и ова го гледаме како валоризација на нашиот труд и трудот на сите кои беа вклучени во досегашните реформи и модернизација, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

  • Повеќе
Владини субвенции за зголемување на бројот на ИТ експерти

Скопје, 28 јули


Осумдесет невработени лица ќе бидат субвенционирани од Владата за да го надоградат своето познавање во областа на информатичко комуникациските технологии.

  • Повеќе
Милошоски - Мета: Иднината на регионот е во обединување, не во исцртување нови граници

Скопје, 28 јули


Решенијата за билатералните прашања во Југоисточна Европа не е во ирационални политики за исцртување нови граници туку во обединување и соработка на регионот во кој границите нема да бидат важни, бидејќи времето за дебати за границите треба да биде зад нас, констатираа на заедничката прес-конференција во Скопје шефовите на дипломатите на Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски и Илир Мета.

  • Повеќе
Владата и ЕВН се договорија недоразбирањата да ги решат во рамките на македонското правосудство

Скопје, 28 јули


Владата на Република Македонија и ЕВН постигнаа согласност да бараат решение за отворените прашања во рамките на правниот систем на Република Македонија во отворена транспрентна постапка. Додека трае постапката како што информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната прес-конференција ќе биде ставена во мирување тужбата на ЕВН Македонија до Арбитражниот суд во Вашингтон, а за решавање на проблемите не е прецизиран точен датум.

  • Повеќе
Поставување камен-темелник за изградба на тениски терени

Скопје, 28 јули

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (среда, 28.07.2010 година) ќе присуствува на поставувањето на камен-темелник за изградба на тениски терени во село Орешани, Општина Зелениково.

  • Повеќе
Прес-конференција во Владата на Република Македонија

Скопје, 28 јули

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Владата на Република Македонија денеска (среда, 28 јули 2010 година) ќе одржи прес конференција.

  • Повеќе
Средба на премиерот Груевски со албанскиот министер за надворешни работи Мета

Скопје, 28 јули

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (среда, 28 јули 2010 година) ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, г-дин Илир Мета.

  • Повеќе
МОН ќе финансира 40 научно-истражувачки проекти

Скопје, 27 јули


Министерството за образование и наука ќе финансира 40 научно-истражувачки проекти на јавни и приватни универзитети во Македонија кои аплицирале на конкурсот што МОН го објави минатата година. Биле пријавени над 350 професори и истражувачи и по неколку експертски евалуации е составена конечна листа со 40 проекти.

  • Повеќе
Коњановски: Македонија со некои реформи предничи пред членки на НАТО

Скопје, 26 јули


Најдобра потврда и оценки за реформите за влез во НАТО се оние што ги добивме од меѓународните претставници и од Алијансата. Сите се согласни дека реформите говорат за Република Македонија и оти со некои реформи сме дури и понапред од некои земји кои се веќе членки на НАТО, изјави денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски на прес-конференција на која што ги презентираше сите завршени проекти или пак во фаза на реализација за 2009 и 2010 година.

  • Повеќе
Владина делегација положи цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот

Делегација на Владата на Република Македонија денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот од 1963 година во Скопје.

 

  • Повеќе
Означен почетокот на изградба на две спортски сали во Битола

Битола, 25 јули


Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски во придружба на министерот за образование и наука, Никола Тодоров, денеска во Битола го означи почетокот за изградба на две училишни спортски сали.

  • Повеќе
Груевски: Самосвеста на Македонците не треба да биде пречка за евроатлантските интеграции

Битола, 25 јули


Ние Македонците знаеме кои сме и таквата наша свест неможе да биде поистоветена како пречка за интегрирање на нашата држава во евроатлантските структури. Таквиот факт ќе го презентираме насекаде низ светот, затоа што меморијата и помнењето е начин да го зачуваш она што го сакаш, она со што се поистоветуваш, тоа што не сакаш никогаш да го загубиш, а тоа е нашето име и идентитет како колективно наследство од многу генерации, истакна денеска во Битола премиерот Груевски.

  • Повеќе
ПрваПретходна…5678910111213…СледнаПоследна
Syndicate content