Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Владата ќе помогне во обештетувањето на жителите од село Псача

Крива Паланка, 11 август


Владата ќе помогне во обештетувањето на жителите од кривопаланечкиот регион што деновиве го зафати силно невреме, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на селото Псача, општина Ранковце.

  • Повеќе
Министерот Ставрески ќе го посети село Псача

Скопје, 11 август

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

Министерот Ставрески ќе го посети село Псача, кое претрпе најголеми штети од поројните дождови

  • Повеќе
Честитка од Премиерот до верниците од исламска вероисповест

Скопје, 10 август

 

Почитуван претседателе на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

  • Повеќе
Груевски: Растот на стоковната размена знак за позитивни придвижувања во македонската економија

Скопје, 6 август

Податоците за раст на стоковната размена од десет отсто што ги објави статистика и за раст на извозот од 20 проценти за првите шест месеци од годината говорат за позитивните придвижувања во македонската економија. Сепак остануваме претпазливи следејќи ги состојбите со економската криза во Европа, изјави премиерот Никола Груевски.

  • Повеќе
Груевски: Македонија подготвува тимови за брз почеток на преговорите со ЕУ

Скопје, 6 август


Македонија подготвува тимови кои ќе бидат целосно способни веднаш да започнат преговори со ЕУ штом биде надминат спорот со името. За таа цел се ангажирани околу 850 лица вработени во јавната администрација во различни области кои учат од искуствата на Хрватска која е во фаза на преговори со Унијата, а се консултираат и со Словенија и со други земји, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски.

  • Повеќе
Почна изградбата на двојно тениско игралиште во општина Карпош

Скопје, 5 август


Во општина Карпош денеска беше означен почетокот на градежните работи за изградба на двојно тениско игралиште со два терена, кое е дел од владиниот проект за изградба на 100 тениски игралишта.

  • Повеќе
Претседателот на Владата ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран локален пат

Скопје, 6 август

С О О П Ш Т Е Н И Е

 


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 6 август 2010 година) ќе присуствува на пуштањето во употреба на реконструираниот локален пат од село Љубанци до село Љуботен, во општина Бутел.

  • Повеќе
Владата предвидува обезбедување субвенции за извоз на вино

Скопје, 5 август


Обезбедување субвенции за извоз на вино и за дестилација се некои од мерките со кои Владата сака да му помогне на лозарството. Ситуацијата во овој сектор дополнително ја ископлицираа големите залихи вино, произведените количини останаа непродадени поради светската економска криза.
Државата еднаш интервенираше преку обезбедување поволни кредити за винарите, но тоа, како што рече денеска премиерот Никола Груевски, делумно помогна.

  • Повеќе
Груевски: Не би оделе на прекин на преговорите со Грција за името

Скопје, 5 август


Владата нема да ги прекине преговорите со Грција за името, како што сугерира дијаспората. Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.


- Не би рекол дека би оделе на прекин, но сме многу внимателни во тие разговори, истакна премиерот Груевски. 

  • Повеќе
Груевски: Процесот на денационализација е во завршница, останати уште 200 предмети во првостепена постапка

Скопје, 5 август


Процесот на денационализација е при самиот крај. Во првостепена постапка останати се уште 200 најкомплицирани предмети, изјави денеска премиерот Никола Груевски.


- Процесот на денационализација е во самата завршница. Почна во 2000 година со многу силно темпо и траеше така до крајот на 2002 година. За жал, некаде од 2002 до 2006 година имаше еден застој, забавување на процесите, но оттогаш има забрзување на процесот. Останати се уште 200 најкомплицирани предмет и во првостепена постапка од вкупно 32 илјади предмети, истакна Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.

  • Повеќе
Премиерот Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на две тениски игралишта

Скопје, 5 август

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 5 август 2010 година) ќе присуствува на поставувањето камен темелник за изградба на две тениски игралишта во општина Карпош.

 

  • Повеќе
До 2014 година судството ќе добие двојно повеќе средства, најави премиерот Груевски

Струмица, 3 август


Судството до 2014 година ќе добие двојно повеќе средства. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а законското решение Владата го прифати на последната седница и го упати до Собранието.

  • Повеќе
ПрваПретходна…34567891011…СледнаПоследна
Syndicate content