Г-дине Груевски, Ви честитаме, освоивте рекорден број на гласови на парламентарни избори во историјата на партијата. Како се чувствувате?
- Од аспект на успехот на ВМРО-ДПМНЕ навистина имавме историска победа, а СДСМ доживеа историски пораз. Победивме во сите општини пред СДСМ, паднаа сите бастиони на СДСМ. Победи политиката на работа и чесен однос кон работата. Дефинитивно граѓаните во овие 20 месеци работа на ВМРО-ДПМНЕ препознаа разлика, друг стил, нешто ново споредено со претходните влади.