|
Министерството за земјоделство ги спроведе ЕУ препораките од ланскиот Извештај за состојбите во аграрот
Скопје, 7 септември
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период реализира најголем дел од мерките за прилагодување на македонската аграрна легислатива со европската. Од вкупно изготвените шест законски решенија согласно ЕУ препораките, донесени се три, за рибарство и аквакултура, за земјоделство и рурален развој и за вино, во собраниска процедура се две, за квалитет на земјоделски производи и за безбедност на храна на животни, а едно, за безбедност на храна, е на разгледување во Владата.
Премиерот Груевски во посета на општина Сарај
Скопје, 7 септември
И З В Е С Т У В А Њ Е
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска ( вторник, 07.09.2010 година) ќе оствари посета на Општина Сарај.
Пуштена во употреба спортска сала во ОУ „Дитуриа“
Скопје, 7 септември
Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти во употреба спортската сала во Основното училиште „Дитуриа“ во општината Сарај.
Милошоски: Грција само изјавува дека се преговара за спорот за името
Скопје, 5 септември
Република Грција реторички изјавува дека се преговара само за спорот што таа го има со нашето уставно име, но во суштина и во практичните разговори се забележува дека во Грција, македонскиот идентитет, постоењето на Република Македонија, нашето уставно име, прашањата за постоење или непостоење на малцинства, се табу тема што го оптоварува грчкото современо општество, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Груевски: Растот на индустриското производство е добар сигнал за Македонија
Скопје, 4 септември
Растот на индустриското производство од 8,3 отсто е добар сигнал за земјава. Овој раст се бележи веќе втор месец по ред, исто како што два месеци по ред имаме и позитивни оценки во однос на подобрување на условите и амбиентот за работа во бизнис секторот, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат од село Визбегово до Качанички пат.
Пуштен во употреба реконструираниот локален пат од Визбегово до Качанички пат
Скопје, 4 септември
Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот локален пат од село Визбегово до Качанички пат во должина од 1,6 километри со ширење на коловоз од 4,5 метри.
Груевски: Сакаме компромис за името, но без штета по државните и националните интереси
Скопје, 3 септември
Ќе направиме се што е во наша моќ Македонија колку е можно побрзо да стане членка на НАТО и на ЕУ, истовремено внимавајќи да не направиме поголема штета поврзана со националните и државните интереси, порача премиерот Никола Груевски по завршувањето на неговиот отчет за сработеното во изминатите четири години.
Груевски: Има капацитет за спроведување на ветените проекти
Скопје, 3 септември
Премиерот Никола Груевски смета дека Буџетот има капацитет за спроведување на најавените проекти и покрај намалените приходи како резултат на светската економска криза, која го одложила, но не го прекинала нивното реализирање.
Груевски: Исправен концепт кој дава резултати
Скопје, 3 септември
Исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност. Вака премиерот Никола Груевски го оцени четиригодишното работење на Владата што ја предводи, во денешниот отчет за сработеното.
Наумовски: Има значително подобрување во областа на животната средина во споредба со минатата година
Скопје, 2 септември
Во областа на животна средина има значително подобрување во споредба со минатата година, воспоставени се повеќе тела кои се занимаваат со оваа проблематика, поставени се општински системи за управување со отпад и донесени се закони и потзаконските акти, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Васко Наумовски по денешната средба со министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
Средба на вицепремиерот Наумовски со португалскиот државен секретар Лутрие
Скопје, 31 август
Билатералната соработка, оценета како доста добра без отворени прашања, за потенцијалот за подигнување на нивото на економската соработка, евроатлантските интеграции на Македонија, прашањето за името, и интензивирање на размената на искуства за подобрување на ефикасноста на администрацијата.
Македонија и Бугарија потпишаа Меморандум за прекугранична соработка
Скопје, 31 август
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој Росен Плевнелиев денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање за реализација на Програмата за прекугранична соработка чии приоритети се економски развој, социјално зближување и подобрување на квалитетот на живот.
|
|
|