Министерство за труд и социјална политика

Веб-страница: 
Е-пошта: 
mtsp@mtsp.gov.mk
Телефон: 
02 3117 288
Адреса: 
Улица „Даме Груев“, број 14, Скопје
Фејсбук страница: 

Министерството за труд и социјална политика ги врши работите што се однесуваат на:

  • работните односи, вработувањето и вработеноста;
  • пензиско-инвалидското осигурување;
  • заштитата на работниците при работењето;
  • материјалното обезбедување на привремено невработените;
  • платите и животниот стандард;
  • социјалната политика;
  • хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
  • правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
  • односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
  • унапредувањето на рамноправноста на половите;
  • заштитата на децата и малолетните лица;
  • заштитата на младината и жените;
  • заштитата на лицата со пречки во развојот;
  • заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
  • заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.